речник контакт

Велешани останаа верни на децениската традиција „Чист понеделник“

Почетокот на велигденските пости, жителите на Велес со години наназад го одбележуваат со посна трпеза а на менито е едно јадење, бел грав.

Петар Печков

Почетокот на велигденските пости, жителите на Велес со години наназад го одбележуваат со посна трпеза а на менито е едно јадење, бел грав.

Така е со децении а овој ден е познат меѓу народот како „Чист понеделник“.  

Традицијата  за овој ден е поврзана со зимата која заминува и доаѓањето на пролетта кога почнува чистењето на домовите, куќите и дуќаните, како и со прочистувањето на луѓето од тешките зимски јадења.

Колку велешани ја почитуваат оваа традиција, покажува и тоа што секој прв понеделник по Прочка, традиционалното бело гравче е редовно на менито на работничките мензи во сите фирми во градот.

\"\"

Денот е повод за дружење така што по старите велешки маала организирано се собираат соседите и заеднички се подготвува трпезата. За добро расположение тука е и музика во живо, па често се случува ручекот да се поврзе и со вечерата.

Така вчера (понеделник) беше и на Мегдан каде се подготвија десетина килограми грав, за околу стотина добронамерници гости и случајни минувачи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »