речник контакт

Велешани очекуваат киното во градот да почне со филмски проекции

Првата филмска проекција во новото кино беше на 11-ти октомври лани, а локалната власт целиот проект, набавка на опрема и прилагодување на салата ја чинеше 76 илјади евра

Петар Печков

Велешани очекуваат киното, кое  првата и единствена проекција ја имаше на 11-ти октомври лани, на свеченото отворање, да почне со прикажување на филмови. Откако по поуштањето на протоколите за работа, поради корона вирусот. со работа продолжија кината низ земјава, надежта кај гледачите е дека тоа ќе се случи и во Велес.

„Време е кино салата во „Бели мугри“ да почне со кино проекции.  Може и со ревии на филмови произведени во различни држави, кои изминатите недели ги имаше повеќе низ градовите од земјава. Но за жал ниту една не дојде во Велес“ - велат велешани.  

На поставеното прашање до локалната власт, кога со работа ќе започне градското кино, чија опрема и простор  се во сопственост на Општина Велес, немаше прецизен одговор.
 
„Интензивно се работи на отпочнување со работа на киното во Велес“ - кажаа од Општина Велес.  Целиот проект за обезбедување опрема и прилагодување на салата за кино проекции   ја чинеше локалната  власт,  76.430 евра.
 
Лани како понуда во градот, група млади ентузијасти одржаа неколку  проекции на филмови на отворено  со автомобил.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »