речник контакт

Велешани повторно со успеси на супермото трката

Се возеше на патеката на Волково

Петар Печков

Во неделата на картинг патеката на Волково се  возеше втората трка од Супер мото купот на Македонија. Велешките мотористи  членови на МК  Мото Велес повторно со успешен настап. 

Во супермото С2 до 250 кубици Драган Ванов беше прв а  Јове Иванов трет. 

Во супер мото С3 второто место го освои Сашко Ванов, додека скопјанецот Здравко Младеновски член на Мото Велес беше трет.

Кај скутерите Оливер Гиовски беше втор а Александар Цилаков трет.

Следната трка е закажана за 20 јули.


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »