речник контакт

Велешани покажаа како се игра мал фудбал

Во првиот свој натпревар од Scarborough Indoor Soccer League over 35, екипата на Macedonian Lions, составена од велешани ја совлада екипата на Vanier AFC со резултат од 6:3.

Петар Печков

Прво па „машко“

Во првиот свој натпревар од Scarborough Indoor Soccer League over 35, екипата на Macedonian Lions, составена од велешани ја совлада екипата на Vanier AFC со резултат од 6:3.

Стрелци на головите за Macedonian Lions беа:
Зоран Митровски (2)
Сашко Чакалов (2)
Киро Камев (1)
Борче Крчановски (1)

Историскиот прв гол за Macedonian Lions кои што се дебитанти во оваа лига го постигна Борче Крчановски.

Натпреварот беше доста возбудлив, содржеше и резултатски пресврт. Имено Macedonian Lions поведоа со 2:0 по што изгледаше дека се ќе оди подмачкано. Но не беше така. Vanier AFC изедначи на 2:2, резултат со кои заврши првото полувреме. Во второто полувреме Vanier AFC поведе со 2:3 по што за момент се доби впечаток дека Macedonian Lions немаат доволно сила физички да издржат еден цел натпревар. Во тој момент на сцена стапи малкубројната но верна публика која нештедејќи ги своите грла многу допринесе физички сеуште неспремната екипа на Macedonian Lions да се надмине себеси и да постигне два брзи гола со што Македонците поведоа со 4:3. Веќе беше завршеток на играта па противниците немаа друг избор освен жестоко да нападнат на Македонскиот гол.

Macedonian Lions кои што физички беа тотално исцрпени, поттикнати од публиката а особено од својот повреден играч Марјан Леов (кој на последниот тренинг ги истегна лигаментите на десниот глужд и веројатно нема да биде во можност да и помогне на екипата во наредниот месец), лавовски го бранеа својот гол. Тие не само што успеаа до го одбранат својот гол, туку во два наврата преку брзи контранапади успеаа да постигнат гол што на крајот резултираше со убедлива победа од 6:3 во полза на Македонските Лавови.

Macedonian Lions екипа составена од тешки аматери денеска покажа дека иако кондициски тешко ќе се носат со своите противници (пред се поради недоволниот број на резервни играчи), имаат срце и волја достоинствено да го бранат името зад кое стојат.

Наредната утакмица Macedonian Lions ја играат против екипата GS United на 01 Ноември со почеток во 10pm.

На 25 Октомври 2006 започнува Scarborough Indoor Soccer League over 35.
Во оваа лига учество зема и Македонскиот тим Macedonian Lions кој што главно го сочинуваат Велешани.

Членови Велешани на овој клуб          Останати ченови

- Милорад Донев                                  - Борче Крчановски (Прилеп)
- Панче Андов                                       - Сашко Чакалов (Скопје)
- Зоран Митровски
- Киро Камев
- Диме Костов
- Марјан Леов                    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »