речник контакт

Велешани покажуваат интерес за чипирање на домашни миленици

Од први септември започна регистрирање и идентификација на домашни миленици, кучиња и мачиња која е задолжителна

Петар Печков

Од први септември започна, ќе трае  до први март идната година, кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)   за бесплатно чипирање - регистрирање и идентификација  на домашните миленици - кучиња и мачиња. 

Со неа треба да се стави ред во одгледувањето на домашните миленици, а не сопствениците откако ќе набават, миленикот по некое време да го напуштат и остават на улица.  Според проценките на АХВ,  тоа ќе придонесе и за намалување на проблемот со кучиња скитници. Микрочипирањето ќе помогне и при пронаоѓање на изгубени миленици.

Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот миленик и доколку не ја спроведе предвидена е санкција од 30 евра во денарска противвредност. После завршувањето на кампањата АХВ  ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле идентификација и регистрација на нивните домашни миленици  -изјави директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов.

Кампањата   се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“. АХВ набавила 100.000 микрочипови и склучила договори со 135 ветеринарни друштва ширум земјата кои ќе вршат бесплатна апликација кај домашните миленици. Меѓу нив е и Ветеринарната станица во Велес.

Првата седмица имаше интерес од велешани за чипирање на нивните домашни миленици. Не беа  регистрирани само кучиња, имаше и осум мачки. Секој сопственик за да изврши чипирање трба со себе да носи лична карта, за да се заведе во чија сопственост е тој домашен миленик - рече Димче Димитриевски директор на Ветеринарната станица Велес.  Сопствениците  треба да платат 120 денари за издавање на пасош за домашен миленик а доколку  тој е постар од четири месеци се плаќа и вакцината против беснило, која чини 590 денари. 

Микрочипирањето е безболно, а се аплицира во пределот меѓу плешките. Микрочипот не е разградлив, но не е ниту од материјал што на каков било начин може да го иритира организмот на животните. Преку него практично се обезбедуваат основните податоци на миленикот и се овозможува негово следење. Ако случајно се изгуби, неговиот сопственик може веднаш да се лоцира.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »