речник контакт

Велешани реагираат на бучавата која ја создаваат мотористите

Министерот Спасовски - мора да се спречи неодговорното возење

Петар Печков

Жителите на Велес, од централното градско подрачје, реагираат на бучавата која ја создаваат мотористите. Го прашаа министерот Спасовски, зошто сообраќајната полиција не реагира од големата бучава која ја предизвикуваат мотористите со нивните машини, но и со брзото и егзибиционистичко возење.

Сведоци сме дека низ градот младите мотористи создаваат неред. Возат на едно тркало, брзо и имаат засилувачи на звукот па кога минат воздухот татни.  Зошто сообраќајната полиција не ги регулира овие неправилности - прашаа граѓани на трибината на која присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Постојано вршиме контрола во сите градови од земјава. Контролите покажуваат дека мотористите не мислат на самите себе, не носат заштитен  шлем  а камоли  да мислат да другите учесници во сообраќајот. Но мора да се застане на неодговорното возење - кажа Спасовски.   

Тој го посочи примерот во Италија, каде сите мотористи носеле заштитен шлем. При негова посета на оваа држава, ги прашал домаќините како успеале тоа да го сторат. Добил неочекуван одговор. На сите што не носат заштитен шлем, му се одзема моторот, таква била законската регулатива, оти секое друго решение не донело подобрување.  Затоа Италијанците така масново го користат ова заштитно средство при управување мотор- заклучи Спасовски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »