речник контакт

Велешани реагираат на смрдеата од фармите

Локалната власт најавува дека работи на овој проблем со дислокацијана фармите во зона каде ќе има само вакви објекти

Петар Печков

Смрдеата која се шири од фармите во  близината на Велес, предизвика реакција од велешани.  Ова е случај кој се повторува секое лето, кога поради температурите граѓаните поголем дел од денот, посебно во  попладневните и вечерни часови се надвор, во дворовите или на прошетка. Токму тогаш се чувствува и  ова реа.

Поради ова тие реагирале и до ЕД Вил Зора за оваа состојба кој се повторува  од година во година а не се решава. Смрдеата се чувствува  во поголемиот дел на градот и во Нова Населба, но  и во центарот на Велес. 

Неподнослива миризба од свињарски фарми се шири низ повеќе делови од градот. Истата предизвикува гадење и оневозможува граѓаните да излезат надвор во жешките летни вечери, па лошата смрдеа преставува проблем за поголем дел од велешани. Бараме од надлежните институции да преземат мерки и сите сопственици на фарми во близина на градот кои се однесуваат непрописно кон животната средина, да бидат санкционирани. Овој проблем се провлекува повеќе години, но нема конкретни мерки за негово решавање – велат од ЕД Вила Зора.

Тие  стојат на располагање на фармерите  цел  нивна едукација, па наместо да го исфрлаат  ѓубрето по нивите, да ги научат фармерите да го компостираат. Од локалната власт  велат дека работат на решавање на овој проблем и бараат трпение.

Општина Велес посветено и сериозно работи, свињарските фарми кои се наоѓаат на нејзина територија и кои предизвикуваат проблем со непријатна миризба, да се дислоцираат на локација која нема да ја предизвикува оваа несакана последица. Затоа е  изработката на урбанистичка документација за изградба на зона каде ќе се наоѓаат фармите. Проблемот не едноставен, истиот е долгогодишен и бара трпение за негово решавање – велат од општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »