речник контакт

Велешани се ослободија од старите кревети, душеци, плакари

78 семејства пријавиле да фрлат габаритен отпад во пролетната акција. Но се фрлало и електричен и електронски отпад

Петар Печков

Во едно месечната собирна акција на габаритен отпад во Велес се собрани 95 м3. Иако таа траеше месец дена, од 15 април до 15 мај,  поради големиот интерес се оддолжи со крајот на мај.  78 домаќинства во  овој периодот пријавија во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад. ЈКП Дервен од  домаќинствата превзема најмногу кревети, душеци, фотелји, плакари, витрини и парчиња ситен мебел. 

Во акцијата беа собрани 95м³ отпад кој се депонираше на посебно определен простор на градската комунална депонија. Бидејќи овој вид на отпад не смее да се остава на јавни површини, со акцијата граѓаните имаат можност да се ослободат од него по легален пат без да платат ниту денар. На акцијата и претходеше известување доставено до секое домаќинство во прилог на сметката за комунални услуги. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад претставуваше одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад  -изјавија oд Општина Велес, која заедно со ЈКП Дервен беше организатор на акцијата. 

Истовремено, со акцијата од домаќинствата се собираше и електронски и електричен отпад кои се предадени на овластен колективен постапувач.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »