речник контакт

Велешани со висок одѕив за помош за настраданите во Србија и БиХ во првите три дена

Докторите со финансиска помош за настраданите. Црвениот крст продолжува со собирната акција до понеделник 26 мај на два пункта

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст ги сумираше  ефектите од собраните количества донирана помош по првите три дена од хуманитарната акција за настраданите од поплавите во Србија и БиХ.

До вторникот до 18 часот собрани се 5,6 илјади литри вода, 345 кг храна, 150 кг хигиенски средства, еден тон половна облека, 90 парчиња бебешка храна, 25 парчиња лекови, 80 пара половни обувки и 38 пакувања за деца.

Од општинската организација на Црвен крст потсетуваат дека помош во храна, хигиенски средства и вода, но повеќе не и во облека,  може да  се донира до 26 мај на  два пункта во градот од 8 до 20 часот, кај Авона и на Сармаале.

Денес со финансиска помош се одѕваа и докторите. Здружението на приватни лекари  на Македонија на Црвениот крст  донираше 100 илјади денари додека Лекарската комора на Македонија донираше по 100 илјади денари за  БиХ, Србија и Хрватска. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »