речник контакт

Велешани фамилијарно на крводарување

На првата годинешна крводарителска акција собрани 81 крвна единица

Петар Печков

Голем интерес покажаа велешани на првата крводарителска акција организирана во 2016-тата.  Собрани беа 81 крвна единица а од нив 5 мина биле од  лица кои прв пат даруваат крв. И повеќето од дарителите беа млади на возраст до 30 години.    

Во  Ликовниот салон, каде се одржуваше акцијата доаѓаа фамилијарно, маж и жена, татко со ќерка, татко со син, брат и сестра. ,,Голема човечка вредност која дава надеж дека хуманоста е се уште присутна,, велат организаторите.   Меѓу дарителите беа братот  и сестра Маја и Методиј Џунови, тој на 21 година  таа  на 19 години. Методиј има дарувано 7 пати а Маја два пати.

Дојдовме заедно за да покажеме дека можеме да помогнеме, на тие што им е потребна оваа течност - вели подмладокот не семејството Џунови. Меѓу дарителите беше и свештеникот Борче Бобевски, кој досега има дарувано девет  пати крв.

 Хуманоста се покажува на дело, затоа дојдов. Започнав на крајот од Богословските денови во училиштето и продолжувам понатаму - рече Бобевски.   Во редицата додека се одвиваше  акцијата беа и таткото и син Думовски, едниот престанува со крводарување другиот продолжува.

 Денес завршувам со дарувањето, од оправдани причини иако имам само 76 пати дарувано. Традицијата продолжува преку синот. Јас  започнав точно на 18-тиот роденден,  и секогаш на овој ден дарував а синот  Никола нешто  порани, пред  18 години -рече Ацо Думовски, пензиониран  полицаец.  

Синот Никола е средношколец и ученик во Јахја  Кемал во Скопје.      Миле и Синѓа Димова дојдоа заедно на  оваа акција. Тој   има дарувано 20-тина пати таа за прв пат, по наговор од сопругот.  Таткото и ќерката Ѓоргиевски, Зоран и ќерката  Вероника исто така  ја подадоа раката за драгоцената течност, тој 20 пати, таа четврти пат.

 Ова е наследна карактеристика во семејството. И синот Николче   е  дарител,  тој беше спречен да дојде.  Убаво е чувството ако знаеш дека на  некому си помогнал, посебно ако си спасил живот  -објасни Зоран. Оваа крводарителска акција беше реализирана од Општинскиот Црвен крст на Велес и Институтот за Трансфузиона медицина од Скопје, каде завршија сите дарувани крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »