речник контакт

Велешани филмови во кино ќе гледаат од први март 2013

Дигиталните проектори од Министерството за култура ќе бидат на располагање на Центрите за култура (читај велешки театар)

Петар Печков

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, заедно со директорот  на Филмскиот фонд Дарко Башески,  најави дека во втората фаза, која ќе биде реализирана најдоцна до 1 март 2013 година, ќе бидат набавени дигитални проектори за центрите за култура во Велес,  Прилеп, Тетово, Дебар, Струмица  и Кичево. Претходно беше најавено дека Велес кино ќе добие во втората половина на 2014-та година. Првите осум дигитални проектори  деновиве беа  инсталирани во центрите за култура во: Куманово, Струга, Охрид, Кочани, Делчево, Неготино, Крива Паланка и Гостивар.

Преку овој проект да ја збогатиме културната понуда во сите градови од нашата држава, граѓаните да имаат можност да ја уживаат кино културата, да ги видат најновите светски филмски остварувања, да се запознаат со актуелното македонско и светско филмско творештво. Сигурна сум дека преку овој мошне значаен проект, македонските филмски продуценти ќе имаат можност да реализираат уште пообемна дистрибуција на филмовите низ земјава, а со тоа филмовите од најновата филмска продукција ќе бидат достапни за граѓаните на сите градови во Република Македонија. Убедена сум дека реализацијата на проектот ќе биде голем придонес кон создавањето и развивањето на филмската култура во Македонија, а истовремено како држава ќе бидеме во тек со технолошкиот развој на филмот и брзата доминација на дигиталните медиуми и процеси на дигитална продукција и дистрибуција на филмовите – рече  министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Единствена дилема кај велешани е дали ќе треба да се почека овој датум до година, за да се погледне  во Велес  последниот македонски филм ,,Трето полувреме,, или тој ќе се прикаже и порано.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »