речник контакт

Велешанка вакцинирана со две дози е згрижена на Инфективна клиника, поради тоа што е позитивна на ковид-19

Во Велeс има четири активни случаи со корона вирусот

Петар Печков

Велешанка е згрижена на Инфективна клиника во Скопје, откако била позитивна на корона вирусот а претходно пред еден месец и половина  била вакцинирана со две дози за заштита од ковид-19.  Примила од кинеската „Синофарм“.
 
„Беше потребно за овој случај  да се алармира, оти  ако е така  вакцинирани да се позитивни, па уште и да се згрижат во Инфективна, значи треба да се менуваат некои работи со протоколите.Ова лице беше примено од доктор,  медицинска сестра, дадено здравствена помош и затоа го споделив со јавноста. Познато е дека и нејзиниот колега, кој  бил вакциниран со „Фајзер“ и тој е позитивен“ - вели д-р Лили Чолакова Дервишова, матичен доктор на пациентката која е позитивна.  
 
Освен  пациентка и нејзиниот сопруг е позитивен, како и малолетното дете, но членовите на семејството  биле без симптоми. Според епидемиолошката анкета, постои сомнеж дека  колешка од Куманово, ги заразиле и  велешанката која работела  во Скопје и нивниот  колега. Жената од Велес се жалела на болки на градите, поради што  била препратена на Инфективно одделение од велешката Болница.

„Во текот на вчерашното попладне, примена е пациентка. и е рендген  снимана и компјутер на бели дробови па  поради наодот кој е откриен е препратена на понатамошно лекување на Инфективна клиника во Скопје“- кажа д-р  Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
 
Од 12-ти јули до вчера 23-ти во велешко немаше активен ковид случај. денес има четири. Според министерството за здравство во велешко 31 отсто о жителите се вакцинирани, со една или две дози.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »