речник контакт

Велешанка во втор пат, за четири месеци позитивна на ковид-19

Лицето асимптоматски во средината на април во домашни услови ја прележала ковид заразата

Петар Печков

Млада велешанка, на 30 годишна возраст  вчеравечер е примена во ковид центарот во Велес, откако  била позитивна на коронавирусот.  Пациентката била во стабилна состојба и ова  е по втор пат да биде позитивна, во период од четири месеци.

„Лицето не е вакцинирано, асимптоматски, во домашни услови  ја прележала ковид  заразата во средината на април месец . Згрижена е на Инфективно одделение во стабилна состојба. За четири дена ќе биде  тестирана и ако покаже негативен резултат, ќе биде пуштена  дома“ -  кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.

На ова  одделение до пладне се згрижени шест пациенти од Велес,  кои имаат здравствени проблеми, сите позитивни на ковид-19, двајца од нив се  на  кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »