речник контакт

Велешанка загина на одмор во Драч- Албанија

Фатален годишен одмор за Цветанка Ѓ. од Велес. Според албанската национална агенција, АТА, велешанката настрадала во моментот кога минувала улица.

Петар Печков

 

 Настраданта  ја удрил автомобил марка мерцедес, при што од повредите починала на самото место. Несреќата се случила на осум километри од Драч, во летувалиштето Шкемби и Кавајес. Полицијата го уапсила Саимир Хадај, 38 годишен, од градот Шијак, кој возел во алкохолизирана состојба.

За еден месец ова е трета сообраќајна несреќа во Албанија, со трагични последици за македонски граѓани. Пред две недели на планинскиот превој краба, на патниот правец Тирана- Елбасан животот го загубија сопружниците Стефаноски од Струга. Претходно на автопатот Тирана- Драч, загина Иниз Ајети професор на медицинскиот факултет на ДУТ.

Пред две седмици загина велешанец, кој живеел во Германија, од срцев удар додека возел велосипед низ Истра

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »