речник контакт

Велешанка изгоре во пожар

Жената била неподвижна и живеела сама

Петар Печков

Велешанка  жива изгоре во пожар кој претпладнево се случи во Велес.  Кефает Асанова ( 49 год) која била неподвижна жива изгоре во огнот која ја зафатил од ќумбето на која се греела.

Помошта од соседите стигнала предоцна. Огнот избувнал во 11,30 часот на улицата Богдан Каракостев  на број 193, во просторија која не е поголема од 3 квадратни метри.

Околу 11 и пол видов чад како излегува од нејзината соба. Притрчав да видам, кога ја отворив вратата оган ја беше зафатила жената. Земав цревото да гаснам, дојдоа на помош и соседите ама беше предоцна. Таа како кукла беше изгорена. Кефае беше неподвижна од раѓање и живееше сама, со наша помош – вели Фетие Куртишова, сосетка која прва притрчала да и помогне.

Од просторијата во која живеела  починатата, од изгореното  се ширеше лоша миризба СВР Велес го потврди пожарот а првичните информации се дека причина за огнот е невнимание.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »