речник контакт

Велешанка нападната од пиштолџија

Таа храбро му се спротивставила, па тој побегнал

Петар Печков

Во понеделникот вечерта наша сограѓанка, била нападната и преплашена  од непознат пиштолџија. Тоа се  случило околу 22 часот, на улица 11-ти Октомври, во зградата кај Симпо, пред влезот во туристичката агенција САМА.  Велешанката се враќала дома, која ненадејно пред неа се појавил млад човек со пиштол в раце.

Тој истрча пред мене, се  појави од некаде и ми впери пиштол во мене. Ми се закани по  живот. Ми рече ,,дај ја ташната, дај ги парите или..,,  . Јас му се спротивставив, му реков бегај, оди си. По ова започнав да викам, помош, полиција, помош. Тој се колебаше и истрча, избега – вели сограѓанката.   
 
Во велешката полиција го  потврдија настанот и соопштија дека трагаат по напаѓачот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »