речник контакт

Велешанка се удави во Егејот

Според Министерството за нaдворешни работи несреќата се случила во саботата вечер во приморското градче Аспровалта

Петар Печков

Соња Петрова ( 40 год) од Велес се удави во водите на Егејското море, во саботата вечер, информираа од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Тие информацијата ја добиле од Капетанијата во овој грчки град, а несреќата се случила во 19,30 часот, кога имало високи бранови а Соња влегла да се бања, по што тие ја повлекле во длабокото.

Во желбата да и помогне, скокнал и сопругот но не успеал да ја спаси, но и нему во помош му притекнале од  крајбрежната спасувачка служба. Петрова во текот на неделата беше погребана на гробиштата во Велес.

 Семејството Петрови требало да се вратат во петокот од одмор, но поради неделниот празник Св. Богородица решиле да останат  дополнително уште два дена, кота се случила и несреќата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »