речник контакт

Велешанка спречена да се фрли во Вардар

Храбар скопјанец, на работа во Велес ја спречил жената да скокне во реката

Петар Печков

Скопјанец спаси велешанка која сакала да  се фрли во реката Вардар. Настанот се случил утринава, кога повеќето велешани оделе на пазар, бидејќи е вторник пазарен ден, но никој освен  храбриот скопјанец, не притрчал во  помош.  Перо Трпковски е спасувачот кој работи како обезбедување на Автобуската станица во Велес.

Претпладнево околу 9,30 часот до него притрчал преплашен човек, кој му кажал дека жена сака да скокне во реката.  Таа била кај Малото мовче покрај брегот,  до десната страна, спремна да скокне секој момент.  Трпковски трчајќи  се упатил кон местото и стигнал на време.

Жената беше вознемирена и стоеше на скалилата, велеше сакам да умрам. Размислуваше од каде да скокне во  ладниот Вардар. Разговарав со неа, и кажував дека има деца, внуци, на кои треба да им се радуваа а не да ги фрли во тага, ражалости спроти Божик. Таа се повлече и се надевам дека се премисли - вели Трпковски.  

Најверојатно некој од минувачите сведоци,  ја информирал полицијата, кои набргу дошле, ја земале со нив жената, која била на околу 60 годишна возраст. Од СВР Велес го потврдија настанот, со дополнување дека жената е пренесена на Нервното одделение во велешката Болница, од каде објаснуваат дека е оставена на посматрање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »