речник контакт

Велешанка тешко повредена на Партизанска во Скопје

Професорката Лидија Симсарова ја удрил моторист на пешачки, кога минувала на зелено и побегнал. Нејзината фамилија апелира да се пронајде сторителот

Петар Печков

Велешанката Лидија Симсарова (83 год) тешко е повредена и според нејзини блиски се бори за живот на скопските клиники, откако моторист ја удрил и побегнал. Таа минела на зелено на  пешачки,кај хотел Карпош, кога била удрена. Настанот се случил саботата пред полноќ во Скопје.

На 15.06.2019 година во 22.55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза - соопштија од полицијата. 

Според нејзината внука, која бара да се открие мотористот и бара помош од сведоци, професорката Симсарова има крвавење во главата и е во тешка здравствена состојба. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »