речник контакт

Велешанка удрена од автомобил, возачот побегнал

Сообраќајката се случила на патот кон Којник

Петар Печков

Четвртокот попладне на ул. Васил Ѓоргов, која води кон Којник, автомобил удрил во пешак и побегна. Полицијата трага по сторителот а жената се здобила со тешки телесни повреди.

На 23-ти септември во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот“ - соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Во сообраќајката  пешакот. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.

„Донесен е пациент на ортопедија, извршен е рендген, констатирани фрактура на рамо и надлактица.. Направена е имобилизација, пуштена е дома“ - соопштија од велешката Болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »