речник контакт

Велешанката Гордана Митова

Шеснаесет годишната велешанка Гордана Митова се закити со две одличја на неодамна завршеното Европско атлетско првенство за деца со интелектуални пречки.

Петар Печков

Шеснаесет годишната велешанка Гордана Митова се закити со две одличја на неодамна завршеното Европско атлетско првенство за деца со интелектуални пречки.

Гордана беше најдобра во брзо одење на 50 метри и освои злато, додека во трчање на 50 метри беше втора и доби сребрена медалја.Со воа таа стана меѓу најуспешните учесници на првенството а Македонија  се најде на листата на освојувачи на одличја. Таа скромно и без многу зборови вели дека е среќна што имала можност да се дружи со деца од цела Европа.

- Беше убаво што го видов Рим и сретнав пријатели од многу земји -кратко рече Гордана.

Таа е член на спротскиот клуб ,,Маца Овчарова,, од Велес, кој работи во рамките на истоименото основно училиште  каде се образуваат деца со посебни потреби од Повардарието.

Митова како најдобра на Специјалната Олимпијада која минатата година се одржа во Велес, се здоби со можност да учестува на првенството во Рим - Италија, заедно со уште петсотини деца од цела Европа.  Таа беше член на македонскта реперезентација со уште две нејзини другарчиња од Прилеп и Штип.

Срамежливо најави дека голема желба и е следната година да учестува на Специјалната Олимпијада која ќе се одржи во Пекинг - Кина, но затоа требаат пари, која таа не може да ги обезбеди.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »