речник контакт

Велешанката Сандра Јорданова изработува предмети од рециклирана хартија (фото)

Изработените предмети се употребливи и декоративно и практично

Петар Печков

Велешанката Сандра Јорданова има несекојдневно хоби, изработува предмети од рециклирана хартија. Таа хартијата, старите весници не ги  фрла, туку ги собира за  од нив рачно да изработи употребливи предмети, корисни  за дома. За ова нејзино хоби, да биде поблиску до јавноста Сандра,    подготви  изложба на рециклирана хартија и готови производи.

Ракотворбите се од  весници, кои ги користам  како материјал за  изработка на предметите. Оваа техника ја научив  пред пет години  почнав спонтано, како хоби,  ми беше интересна, ме исполнуваше, имав доста слободно време кое го користев за изработка на предметите - вели Сандра.  

Изработува чинии во различни форми,  кутии за чување на накит,  садови за чување предмети и украси за на  ѕид. Сите тие се употребливи и декоративно и практично.  Последните шест месеци посебно се посветила на ова нејзино хоби, кога изработила 60-тина предмети  и одлучила  со нив да направи изложба и ги преставив пред јавноста.

Ова е моја лична експресија која што која ми помага да го канализирам својот вишок енергија  и ми дава инспирација за други полиња во животот - додава Јорданова. 

Таа на пошироката јавност и е позната како член на женскиот состав ,,Д`чикс,, - Девојките,  со кои има снимено неколку видео спотови. Сандра е и дипломиран правник, ангажирана како адвокат но и уметник. Каде се пронаоѓа и гледа, што е тоа што ја исполнува е дилемата на која таа дaва одговор.    

Јас сум отворена личност  со слободен дух,која не би сакала да се ограничи. Во зависност како се чувствувам во тој период таму се пронаоѓам - кажа Сандра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »