речник контакт

Велешанката Тодоровска настапи на Романсијадата во Москва

Магдалена Тодоровска е студент на четврта година -отсек соло пеење на ФМУ при УКИМ во Скопје

Петар Печков

Велешанката Магдалена Тодоровска  настапи изминатиот викенд на концертот „Ѕвезди на Романсијада“. Концертот се одржа  во Големиот Кремљски Дворец во Москва а Тодоровска  настапи како единствен претставник од Македонија.  Концертот традиционално се одржа повод Меѓународниот ден на руската романса. Тодоровска е студент на четврта година -отсек соло пеење во класата на Ана Дурловска на ФМУ при УКИМ Скопје.

Магдалена на нејзиниот ФБ објави дека е  пресреќна од овој светски настап во Големиот дворец во Кремљ. На концертот била придружувана на пијано од Елена Силјановска, која е корепетитор на Македонската Опера и Балет во Скопје.  Таа за својот настап искажа голема благодарност кон  професорката Ана Дурловска и пијанистката Силјановска, како и Танцовото шоу „Валери“ од Москва кои со својата кореографија го збогатиле нејзиниот настап.

Магдалена упати голема благодарност и до Амбасадата на Русија во Македонија и ЛУКОИЛ Македонија кои и помогнале да замине на овој настап во Москва.

Настапот на Магдалена Тодоровска во Дворецот Кремљ во Москва е резултат на освоеното првото место на натпреварот „Балканска романсијада”, кој на 11-ти  ноември се одржа во Рускиот Културно информативен центар во Софија. Таа настапи заедно со 15  други учесници од исто толку држави. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »