речник контакт

Велешка Болница доби нов мамограф и био-хемиски анализатор

Пациентите ќе добиваат поквалитетни услуги и поверодостојни резултати

Петар Печков

Општата Болница од Велес доби два нови апарати, со кои пациентите ќе добиваат поквалитетни услуги и поверодостојни резултати. Набавени се мамограф од јапонско  и био-хемиски анализатор од германско производство.  

Мамографот ќе биде вклучен во ,,Мој термин,, од понеделник и ќе работи со пациенти.  Стариот апарат кој беше стар 10 години,  беше аналоген имаше зрачење и на него можеа да се работат помал број прегледи. Новиот  е дигитален и со него се дуплира бројот на снимања во текот на годината. Можат да се работат годишно  пет илјади прегледи. Со него полесен се работи скрининг за рак на дојка.  Набавен е и нов био- хемиски анализатор за крвта, за сите параметри. Може да изврши 400 испитувања за еден час  и има повисока точност на тестовите  - изјави министерот за здравство  Никола Тодоров.  

Тој најави дека  за потребите на велешка болница се набавени два апарати, и се чека  испорака. Едниот е за анестезија а вториот за  гастроскопија.  На овој начин докторите од оваа здравствена институција, добиваат нова опрема, која ќе им ја олесни работата при дијагностицирањето и се подига квалитетот на услугите кон пациентите.  Новата апаратура е набавена со средства од Министерството за здравство.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »