речник контакт

Велешка Маслодајна ја доби „Б“ интегрираната еколошка дозвола

Инсталацијата - Маслодајна е производител на растително масло за јадење, маргарин, кондиторски производи - желе, алва, мармелади, оцет, зачини

Петар Печков

Прехранбената индустрија „Кристал“, позната како велешка Маслодајна ја доби интегрирана „Б“ еколошка дозвола, издадена од градоначалникот на  Општина Велес а  Согласно Законот за животна средина.  

Истата е издадена  ден 16-ти ноември  годинава.  Важноста на оваа дозвола е седум години. Таа се издава за  интегрирано спречување и контрола на загадувањето ,со цел заштита на животната средина.

„Со овој документ се потврдуваат вложувањата и долгогодишниот напор на компанијата да допринесе за почиста животна средина, да ги подобри и унапреди технолошките процеси - со цел да го задржи долгогодишниот квалитет и традиција. Грижата за животната средина е наша значајна определба за доброто на нас и граѓаните на Велес. Јас, како млад кадар ќе се потрудам и понатаму да допринесеме за подобра работа со постојано вложување во нови машини, инсталации и да докажеме дека сме компанија која е одговорна и посветена во работата“ – рече Олгица Стојанова директор на производство и одржување.

Инсталацијата - Маслодајна е производител на растително  масло за јадење,  маргарин, кондиторски производи - желе, алва, мармелади, оцет, зачини.

Во Општина Велес имаше досега 12 инсталации на кои имаат „Б“ интегрирана дозвола, Маслодајна е 13-та.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »