речник контакт

Велешка Маслодајна започна со откуп на сончогледот

Домашниот род премал за да се задоволат потребите од масло за јадење. Не се најавува промена на цената на маслото

Петар Печков

Во велешка Маслодајна во тек е откупот на сончогледот. Редици камиони, кои со македонски регистарски таблички, но и  од соседството чекаат да го предадат родот, обран од македонските  но и полињата во соседна  Србија и Бугарија. Вообичаено сончогледот најмногу е  засеан во Пелагонија и Овче Поле. 

Планираме откуп помеѓу 10 и 15 илјади тони сончоглед. Поголемиот дел е од увоз, оти родот од македонските полиња не ги задоволува потребите.  Оваа количина ќе задоволи некаде околу една четвртина од потребите на македонскиот пазар со масло за јадење. Во Македонија нема доволно род на сончоглед, што не е случај и со Европа  -  изјави Ирена Брчкова, директор на  производство во велешката фабрика за масло,,Благој Ѓорев.

Популарната ,,Маслодајна,, со 93 години стаж на работење, и натаму е најголемиот производител за масло за јадење во земјава.  Веќе подолг период, цената на литар масло за  јадење е позиционирана околу 61 денар. Во пресрет на подготовките на домашните зимски  специјалитети ајварот и туршијата, од фабриката уверуваат дека не се очекува промена на цената.    

Откупот  на сончогледот  е по берзанска цена, која не е различна од претходниот период. Поради  ова не очекуваме дека може да се случи промена  на продажната цена на маслото за јадење – додава Брчкова.

Маслото за јадење  две години е со малопродажна цена околу едно евро, со тоа што стигна и до рекордно ниски 54 денари за  литар, откако две години претходно се продаваше и за 110 денари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »