речник контакт

Велешка Маслодајна ќе го откупи целиот род на сончоглед од земјава, кој се проценува дека ќе биде четири пати повисок од лани

Цената е 550 евра по тон, кон ова се додаваат и 1,2 денари по килограм за превоз

Петар Печков

Камиони со сончоглед  веќе се пред капиите на велешка Маслодајна, каде започна откупот.  Цената е 550 евра по тон, кон ова се додаваат и 1,2 денари по  килограм за превоз.  Од раководството на единствената фабрика  во земјава, која откупува сончоглед  и го преработува, велат дека нашле баланс во откупната цена, со која земјоделците ќе можат  ги покријат трошоците за работа, да спечалат  а фабриката да може да има конкурентна цена на маслото за јадење.  

„Како компанија дадовме реална цена. Цената на сончогледот во Србија е 535 евра за тон, во Грција 500 евра во Унгарија и Романија околу 520 евра. Дадовме најдобра цена што може да даде фабриката во овој момент. Мораме да водиме сметка да бидеме конкурентни на пазарот со цената на маслото за јадење. Оти се увезува евтино масло од Украина, Србија и мораме да се носиме со цените на  конкуренцијата.  Откупната цена не е превисока, но и државата доделува субвенции, така што производителите можат да бидат задоволни“ - кажа Горан Лазов директор на велешка Маслодајна.

Најавува дека до нова годна  на секој  земјоделец ќе му биде испатено и последното предадено зрно сончоглед, како што  било со години претходно, така ќе било и оваа.  Фабриката има средства за да ја покриеме оваа исплата. Најавува дека годинава, после десетина години наназад ќе има осетно зголемување на родот на сончогледот.

 „Моите процени се дека годинава ќе има род од околу 10 илјади тони, Владата проценува 11,5 илјади тон. Ние ќе  го откупиме целиот род.  Ова бројка значи четири пати повеќе род отколку лани.  Очигледно дека имаме зголемување на родот на сончоглед, има повеќе  и површини засеано. Се надевам  дека ова ќе продолжи и натаму и за некоја година ќе стинеме и до 40 илјади тони сончоглед, кој што се откупуваше во фабриката во времето на  социјализмот“- дополни Лазов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »