речник контакт

Велешка НА-МА се продаде

Купувачи неколкумина велешки бизнисмени

Петар Печков

Стоковната куќа на Велеспром, некогашна НА-МА се продаде. Ја купија неколкумина велешки бизнисмени кои за оваа цел формираа заедничка фирма. Плановите во неа да  се врати животот и донесат странски брендови.

Заеднички ја купивме НА-МА  со цел таа да ги отвори повторно вратите и проработи. Ние сме од Велес и зошто некој друг да је земе. Тука живееме, ние со нашите семејства деца и ја гледаме  и планираме нашата иднина. Сакамe да допринесеме за Велес. Веќе се најдени проектанти кои работат на екстерното и ентериерното уредување. Секој од нас стапи во контакти со познати странски брендови кои работиме да ги донесеме во овој простор. Со оживувањето нa Cтоковната ќе се врати и некогашниот центар во градот кој сега е изумрен – вели еден од сопствениците.

Просторот беше продаден на јавно наддавање во Тутунска Банка која е сопственик  заради подигнат кредит. Стоковната е со површина од 4.077 м2 а вредноста  под која не можеше да се продаде  на наддавањето кое се случи на 12 ноември годинава  беше 41,4 милиони денари. Освен просторот на НА-МА се продаде и дискотеката  во подрумските простории,  Розе Сала, маркетот на Тедико.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »