речник контакт

Велешка крзнара предаде во употреба пречистителна станица за отпадни води, вредна 1,6 милиони евра (фото)

Без оваа пречистителна станица би било невозможно да продолжиме натаму. Работевме на неа многу, многу години- изјави Свен Бјоркман мнозински акционер во крзнарата

Петар Печков

Крзнарата „Димко Митрев“ од Велес  ја предаде за користење пречистителната станица за отпадните води, за чија реализација се потрошени 1,6 милиони евра.  Со ова заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар, откако пред три години беше завршена првата фаза.  

„Пред три години ја отворивме првата фаза за третман на отпадни хромни води, која успешна функционира.  Таа не` чинеше 320 илјади евра. Оваа втората беше многу пообемна. Со неа се пречистуваат сите отпадни води од фабриката. Оваа постапка ја работевме 20 години и денес е стварност “- кажа Атанас Киров директор на крзнарата.  

Тој потенцира дека без финансиска помош од   мнозински акционер во крзнарата  Шведската компанија  „Шепард’, пречистителната станица немаше да се изгради.  

Со оваа пречистителна станица, заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар низводно од Велес, од страна на фабриката за преработка на крзно.  Опремата е од италијанската фирма „Делта акве“  а ја градеше „Изгрев“ од Велес.   

„За нас се важни три работи, одговорноста за производите, за животната средина и одржливоста. Според нив можеме да ја креираме нашата иднина, да продолжиме да развиваме нови производи, да бидеме конкуренти на пазарот. Без оваа пречистителна станица би било невозможно да продолжиме натаму. Работевме на неа многу, многу години. Го охрабруваме менаџерскиот тим да продолжи со инвестиции и во иднина, за да бидеме конкуренти во Европа “ - изјави Свен Бјоркман мнозински акционер во крзнарата.  

Тој посебна благодарност упати до Билјана Манаскова Шуркова, поранешен инспектор за животна средина во Општина Велес, сега државен, и до директорот на крзнарата  Атанас Киров.   

Крзнарата „Димко Митрев“ постои 75 години, вработува 280 лица, изработува крзнени производи кои во 90 отсто завршуваат на Скандинавските пазари  и една од малкуте крзнарници кои останаа да работат во регионот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »