речник контакт

Велешка фирма на вработените им испатила 100 денари К-15

Минималната сума која може да се плати како К-15 е 10,1 илјади денари

Петар Печков

Наместо минималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор, некои вработени примаат симболични суми. некои и ништо а една фабрика во Велес исплатила сто денари. За ова реагираат од невлaдиното здружение  „Гласен Текстилец“- Штип.

Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари - изјави  Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“- Штип, на денешната прес конференција, а пренесоа медиумите во земјава. Таа  не соопштила која фабрика е тоа и со каква дејност се бави. 

Вработените кои не добиле популарен К-15 или добиле помалку од загарантираните 10,1 илјади денари, можат да реагираа на телефонскиот број  15 131 којшто е ставен во функција од Министерството за труд и социјална политика и Трудовиот инспекторат

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »