речник контакт

Велешката Болница подготвена да биде Регионална

Велешката Болница ќе биде подготвена за новиот предизвик да биде Регионална,

Петар Печков

 Велешката  Болница ќе биде подготвена за новиот предизвик да биде Регионална, уверуваат првите луѓе на оваа здравствена институција. Со набавката на нови апарати, реновирањето кое е во тек и вработувањето на нови десетина доктори, Болницата ќе може да ги дава потребните здравствени услуги на населението од Повардарие, но и да се сопре миграцијата на  пациентите кон Скопје, поради незадоволството од лекарската грижа.

И досега велешката Болница даваше услуги за стотина илјади пациенти од поширок регион, Кавадарци, Неготино и Свети Николе, така што имаме искуство во тој дел. Немаме доволно кадри, специјализирани лекари но најавено е дека наскоро ќе биде распишан конкурс за нови доктори а веќе добивме и дел од потребната апаратура, рентген, мауробиолошка апаратура а наскоро го очекуваме и компјутерскиот томограф, со што многумина болни беа препраќани во Скопје, а сега ќе се лекуваат кај нас.  Во тек е реновирањето на хирургија, ортопедија, инфективно и интерно одделение. Се обновуваат сите санитарни јазли и кровот од зградата – изјави директорот д-р Ванчо Граматов.

Со ваквата  кадровска и  техничка опременост  раководството смета дека ќе биде вратена довербата и  бројните пациенти кои започна да ја заобиколуваат  велешката Болница по  неколкуте загадочни смртни случаи, при операција на слепо црево, при породување и болните заминуваа во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »