речник контакт

Велешката Болница стана регионален здравствен центар

Обновена и реновирана велешката Болница најавува поквалитетни услуги за пациентите од Повардарието и Овче Поле. Новина ВИП соби на интерно и хирургија, со посебни цени за посебвни пациенти.

Петар Печков

 Велешката Болница стана регионален здравствен центар откако се здоби со неа неопходна опрема и е реновирана, по што може да дава здравствени услуги за 200 илјади граѓани од Повардарието и Овче Поле. Главната зграда, која е изградена во 60-тите години, сега нејзиното лево крило е комплетно обновено. Интерното и хирушкото одделение  добија нова  водоводната и електричната инсталација,  мрежата за затоплување и нова дограма, прозори и дрвенарија. Но за услугата кон пациентите да биде комплетна,  набавени се повеќе неопходни најсовремени апарати, вредни 850 илјади евра.

Можеме да се пофалиме со 16 слајсен комјутеризиран томограф, за кој нашите радиолози се веќе едуцирани, имаме и гинеколошки еко томограф. Овие два апарати  значајно ја зголемуваат можноста за дијагонстицирање и следење на најтешките повреди, заболувања и состојби за што  пациентите патуваа во Скопје.  Одделенијата за хирургија, ортопедија и урологија доби нов оперативен стол, нов апарат за ендоскопска лапараскопија и нови хирушки инструменти. Имаме и нови четири монитори за следење на пациентите во интензивна нега, нова респираторна машина и апарт за анестезија. Неонталошкото одделение доби  инкубатор, во лабараторијата имаме биохемиски анализиатор – вели директорот д-р Ванчо Граматов.

За овие активности одвоени се два милиони евра, за реновирање и опремување на Болницата. Новините ќе овозможат таа да биде прва во земјава каде ќе се применува електорнска здравствена картичка, надлежните најавуваат до крајот на месецов.

Болницата беше неконкурентна со приватните ординации, а пациентите чекаа со месеци  за дијагностички и тераписки процедури а искусните доктори не можеа да ги испорачаат своите знаење и искуства кон болните.  Тие често работеа во импровизирани и лоши услови за работа Затоа опремата и апартурата која е во функција, ја измени оваа слика. За екипирање на персоналот, за две години вработени се 15 нови доктори - изјави директорот Граматов.

Остануваат за довршување работите на педијатрија и гинекологија, но и опремување со неопходната апаратура на интерното одделение. Со овие потези раководството оптимистички најавува дека ќе ја сопре миграцијата на  пациентите кон Скопје,  поради незадоволството од лекарската грижа. Со ваквата  кадровска и  техничка опременост  тие сметаат дека ќе биде вратена довербата и  бројните пациенти кои започна да ја заобиколуваат  велешката Болница по  неколкуте загадочни смртни случаи, при операција на слепо црево, при породување, па болните заминуваа во Скопје.


         Новина која што стартуваше во Болницата е што во интерното и хируршкото одделение има ВИП соби. Во нив  може да престојува по еден пациент, кој 24 часа ќе има на располагање медицинска сестра, сопствен санитарен јазол и купатило, но и поскапи услуги.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »