речник контакт

Велешката библиотека, Библиотека на годината во Македонија

Според повеќе критериуми, Библиотеката Гоце Делчев е пред останатите во земјава

Петар Печков

Овогодишен добитник на наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година е Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Врачувањето на истата беше на 5-ти декември,  на свечаноста по повод патрониот празник и 70 годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Наградата  му беше врачена на Игор Крајчев,  директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес од страна на претседателот на Библиотекарска заедница на Македонија  Благој Николов.

Оваа награда ја гледаме каде заедничка во која заслуга има целиот тим на Библиотеката и затоа сакам јавно да им изразам благодарност. Секој вработен во оваа институција е една важна алка без која таа нема да биде истата. Библиотеката оваа година беше организатор на бројни културни настани, имаме нов голем фонд книги, дела, стручна литература и литература за лицата со оштетен вид   - изјави  Игор Крајчев директор на библиотеката

При доделувањето на признанието, во предвид биле земени  инвентивниста во настаните,  библиотеката да биде  културен стожер во градот кој организира  настани од таков тип, да има литература која им помага на лицата со посебни потреби, се следеле активностите и соработката со граѓанските здруженија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »