речник контакт

Велешката болница набави колоноскоп и гастроскоп

Тоа е инвестиција од сопствени средства во висина од 50 илјади евра

Петар Печков

Велешката Општа болница набавила  нови апарати за гастроскопија и колоноскопија. Тоа е инвестиција од сопствени средства, во висина од 50 илјади евра. Ова го објави директорот на денешната прес конференција.

„Кабинетот за гастроскопија и колоноскопија е подготвен,  набавена е опрема, најсовремени апарати. Веќе се работи со пациенти за гастроскопија а наскоро и колоноскопија. Тие се купени од средства на болницата. Пациентите нема да имаат потреба да патуваат во други градови, туку ќе може прегледите да ги извршат во Велес“ - кажа д-р Божидар Бојаџиев.

Од Министерството за труд и социјална добиен бил мобилен, рендген апарат.  Претходно веќе се објави дека започна со работа компјутерскиот томограф и една година работи дигиталниот рендген апарат донација од амбасада на Јапонија во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »