речник контакт

Велешката пастрмалија, рекорд се изедоа 1300 пити

Дипломати, иселени велешани, гости од другите градови, гурмани, многу народ привлече годинашнава манифестација „Питијада“ која денес (сабота)...

Петар Печков

Дипломати, иселени велешани, гости од другите градови, гурмани, многу народ привлече годинашнава манифестација „Питијада“ која денес (сабота) се одржа во ресторан „Снупи- Офицерски“. Пастрмајлијата по која Велес е препознатлив во регионот годинава привлече толку многу посетители, што постарите коментираат,  било како од времето кога по војната се делеле купони за храна. Овојпат рекордни двесет ресторани и девет винарии ги понудија нивните производи, кои преточени бројки беа: рекордни изедени 1300 пити пастрмалии и 270 литри вино, највисока бројка на сите шест манифестации досега. На питата пастрмалија со задоволство се наврааќат велешаните кои си заминале од градот, но љубовта кон него сеуште силно ги грее.

- Тука ми се корените, тука е мојот живот а дел од него е питата пастрмалија. Живеев  во Германија и таму носев пастрма и на нашите приајтели таму германци, им подготував пастрамлија. Нивните зборови беа, досега вакво немаме вкусено иако цел свет го имаме прошетано, ова е фантастично. Затоа денес уживам во овој момент - изјави   Данче Делова Ѓоргова која одамна заминала од градот, но љубовта кон Велес и пастрмалијата останала. Но таа не беше единстената која со нејзиниот сопруг за миг, за ден, се врати преку ова дружење во градот на нејзината  младост. Како што ја најавија највелешката маса, беше претесна да ги прими велешаните кои живеат во Скопје а дојдоа специјално за овој настан.

- Дојдов да присуствувам на питијадата, која го враќа духот на стариот Велес, кога питите беа значаен сегмент од животот на градот. Се вратив во младост барем за малку. Имам изедено многу пити и тие времиња не се забораваат. Ова е убав начин да се врати традицијата и да се потсетуваме на времињата кога во овој град убаво се живееше - изјави професор д-р Јордан Нојков меѓу многубројните гости и двајца дипломати, амбасадорите на САД и Полска.

- Голема чест е што денес сум во Велес на овој настан. Имав можност да пробам пита да вкусам вино. Многу е вкусна но за мене во зима со ваква храна, имам проблем со линијата - изајви  Филип Рикер амасадорот на САД во Македонија. неговиот колега од Полска иако вегетеријанец, не одолеа да ја вкуси питата.

- Многу сум имперсиониран и среќен од ова што го видов. Ако во Ванкувер Канада денес се отворија Зимските Олипмиските игри, Велес е домаќин на питијадата. Пробав пита со сирење и туна, бидејќи не јадам со месо и одлични се. Кога ќе влезете во ЕУ морате да побарате до Брисел ова јадење да го брендирате - изјави Карол Бакула амбасадор на Полска во Скопје.

- Бројните поканети гости високи претставници, со нивното присуство ќе послужат за промоција на овој велешки бренд. Со тоа акцијата за популаризацијата на велешката пастрамалија е успешна - изјави Горан Петров градоначалникот на Велес.

Манифестацијата имаше и хуманитаен карактер, при што беа собрани 87 илјади денари, кои се наменети за четирите семејства чија куќа неодамна во месноста Долни Дуќани изгоре во пожар. Ако шестата манифестација ги собори сите  рекорди, неопходно е следната да биде со можност таа да биде поуспешна од оваа. Затоа е потребно да се смени термнинот, не пред почетокот на Велигденските пости, туку некаде во октомври кога се започнуа подготовката на питата, и  да се одржува на отворен простор во Младински парк или пред Основен суд и да трае цел ден, не само 2-3 часа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »