речник контакт

Велешката полиција поднела 12 кривични пријави за непочитување на полициски час

ОЈО Велес од судот во Велес побарал на 20 лица да им бидат изречени глоби од по 800 евра

Петар Печков

СВР Велес  до ОЈО Велес поднесе 12 кривични пријави против лицата С.Д.(23), Ш.Д.(20), Ј.Ј.(38), А.Ф.(37), С.Ф.(40), А.Р.(45), М.Д.(18), Д.Н.(49), Д.П.(21), Р.К.(35), Ѓ.М.(31), Н.К.(35), сите 12 од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Поведена постапка против 20 лица во Велес заради прекршување на полицискиот час.

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнен налог против 20 лица кои сториле кривично дело„Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  

Лицата го прекршиле полицискиот час и биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации низ градот спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење - соопштија од ОЈО Велес. 

Велешкото обвинителство предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »