речник контакт

Велешката полиција поднесе кривични пријави за две деца кои од туѓа картичка трошеле пари

Децата во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од 5.640 денари

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривични пријави против две деца, кои се сомничат дека од туѓа платежна картичка трошеле пари без знаење на сопственикот. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16 јули годинава, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка сопственост на О.Б.(62 год) и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од 5.640 денари“ - пишува во полицискиот билтен.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »