речник контакт

Велешката полиција уапсила група крадци, двајца од нив малолетници

Украдените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот

Петар Печков

Во текот на вчерашниот дена, велешката полиција упазила група на крадци а двајца од нив се малолетници. Тие се сомничат дека од продавница украле предмети, кои биле пронајдени кај нив.


„На 14 ноември  во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Џ.(19 год) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети“ - соопштија од МВР.

С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »