речник контакт

Велешката полиција ја пофалила локалната власт за поставувањето столпчиња по улиците

Лани осетно намален бројот на повредени пешаци по велешките улици, регистрирани 25, наспроти 40-те во 2019-та и 35-те во 2018-та

Петар Печков

Велешката сообраќајна полиција ја пофалила локалната власт за поставувањето на столпчиња, со кои на одредени улици се изврши регулирање на сообраќајот.  Во прилог на ова тие ги понудиле податоците за сообраќајните незгоди во градот, каде  повредени се пешаците. Тие бележеле намалување. Лани имало 25, наспроти 40-те во 2019-0та и 35 во 2018-та.  

Мерките и проектите кои ги реализиравме во сообраќајот за безбедноста на граѓаните минатата година, кои беа изложени на потсмев на социјалните мрежи, по добиените резултати за 2020-та година, СВР Велес утврди дека во Велес е значително намален бројот на сообраќајни  незгоди, во кои учесници се пешаци, деца.  Според нив ова се должи на тоа што поставивме опрема  пред пешачките премини и метални столпчиња на тротоарите, со што спречивме непрописно паркирање и брзо возење по критичните места во градот  - кажа на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.  

Во изминатиот период општината постави  столпчиња на петнаесетина  улици  во градот меѓу кои и централното градско подрачје, но и по тротоарите за на нив да не се паркираат автомобили. Овие мерки биле   усогласени со Планот за одржлива урбана мобилност во кој безбедноста на пешаците и велосипедистите е на прво место.
Оваа позитивна промена се должи на тоа што поставивме опрема пред пешачките премини и метални столпчиња за заштита на тротоарите и на тој начин спречивме непрописно паркирање и брзо возење на критичните точки на главната сообраќајница -  рече Коцевски.

По овие  успешни резултатите, СВР Велес ја поттикнала општината да продолжи со поставување на столпчиња и на улиците  „Љубљанска“ од Пекара „Ќоше“ кон ООУ „Блаже Конески“, од двете страни на улицата „Лазо Осмаков“  кон Хигиенски и на улицата „8 ми Септември“ од левата страна на тротоарот  -наспроти паркинг просторот под Градски саат.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »