речник контакт

Велешката фабрика за порцелан го совлада индустрискиот џин

Пример за успешност на мала фабрика да се дојде до големи резултати

Петар Печков

Велешката фабрика за порцелан ,,Хемија –комерц,, му се спротивстави на големиот индустриски џин Кина и му зема големо парче од пазарот,  на Балканот. Нејзините производи ги има во соседството, но најмногу во Грција и Кипар.  Тие  можат да се пофалат дека се единствени  во Македонија и на Балканот кои произведуваат порцелан. Рецептот како му се спротивставија на напливот на кинески порцелан, во Хемија комерц го откриваат, без тајна и криење, како со шеесетина работници дојдоа до вакви резултати.

Одговорот е многу едноставен и лесен. Имаме подбори цени од кинезите. Таа е далеку од нас со илјадници километри, што ќе рече дека времето на транспорт од таму до Македонија е долго, потоа тие   условуваат набавка на големи количини. Ние нудиме на купувачите да дојдат и одлучат сами што, како и колку сакаат, каков ќе биде дизајнот и во која потребна количина, која бргу ќе биде реализирана и доставена до крајниот потрошувач – вели Владимир Трајковски одговорен за  продажба во ,,Хемија -  Комерц. 

Таа постои од 1990 година,  формирана од Трајче Трајковски  дипл. инж. технолог поранешен вработен во Порцеланка, има 60 вработени. Трајче тогаш се реши да замине од фирмата која пропаѓаше, со крајно неизвесна иднина на порцеланскиот пазар, да оформи сопствена, која ќе се бави току со оваа дејност, производство на порцелан и декоративни подни плочки. Сопственикот   храбро  тргна во освојување на пазарот, во време кога сите вакви фабрики на подрачјето на тогашна Југославија се распаднаа.

Во тој период пропаднаа Типо од Скопје, Вранешница  од Кичево, Езерка во Охрид, пропаднаа и тие во Србија, Хрватска и Бугарија.  Овој  Балкански пазар започна да се пополнува со кинеска, не така квалитетна роба. Видов шанса дека има недостаток од овие производи, но со анализа дека со најдобра цена, висока продуктивност,  ниски трошоци и добар квалитет,   може да му конкурираме на Кинезот. По дваесет години можам да кажам дека успеавме. Не го победивме, но одзедовме парче од колачот на кинезите – вели Трајче Трајковски сопственик на фабриката  Хемија Комерц.  

Нејзина основна дејност е производство на подни декоративни  плочки-  листели и декори,  и производство на полу порцелански садови за домаќинство  и садови за печење. Работи  и порачки за декорација на  стакло, порцелан, керамика за маркетиншки и промотивни цели. Имаат и три продажни салони за керамика и санитарија, два во Велес и еден во Струмица.

Не работиме роба за на лагер, која ќе стои во магацините, туку по нарачка, производи кои имаат однапред познати купувачи. Ако нема сигурен пазар, тоа значи трошок за фирмата, кој одредено време нема да биде покриен. Се најдовме блиску со пазарот во Грција и Кипар, каде се  продаваат керамички садови за печење, чија намена е во кондиторската индустрија. Конкретно, садови се произведуваат по нарачка  за слаткари и пекарите, кои нивните производи ги печат и продаваат во нашите  керамички производи. Со понудениот  квалитет и цена, успешно го отворивме тој пазар пред две години, за сега имаме зголемен извоз – објаснува Владимир Трајковски.

Веќе знаат дека во јануари месец имаат побарувачка од  пет илјади чинии дневно. Успеваат да го освојат пазарот иако имаат жестока конкуренција во пред се кинескиот порцелан и италијанските и шпански подни плочки. Грците во производите на Хемија Комерц продаваат благо,  како што се баклава, калакто буреко, раванија, крем бруле, и многу  италијански и  француски специјалитети. Масата за тави која ја користат е  увоз од Италија и за неа тврдат дека е најквалитетна  за печење во рерна. Таа е бела, со голема цврстина и отпорност на термички шокови, подготвена од  стручни лица, испитувана и докажана. Затоа не гледаат конкуренција за себе на Балканот. 

Грција  е членка на ЕУ и тие имаат високи стандарди за увоз на стока. Потребен е сертификат за  дозволена општа употреба на производите во исхрана. Тој документ кој ние го поседуваме докажува дека нашите производи, поточно глазурите се без оловни и без присуство на кадмиум, ги нема ниту во четвртата децимала. Бидејќи нашите производи се наменети за исхрана, без овој документ не може да се извезат, не само во Грција туку било каде во Европската унија. Тоа се тешки метали кои се опасни  по здравјето на луѓето. Ние со влезот во Грција успеавме да конкурираме и  со цена и со квалитет и да ги победиме производите од Романија, Полска и  над се Кина. Нивната роба што се продава на Балканот е  со најниска трета класа и затоа е толку евтина и прифатлива од потрошувачите кои се со помали финансиски можности. Нашата е поквалитетна а имаме и конкурентни цени      – вели помладиот син на Трајче Владимир.

Хемија комерц има две производни хали на три илјади  метри квадратни, со магацински простор. Од опремата има најмодерна технологија, најпродуктивна која два висок квалитет.  Токму заради овие препораки, преку Грција им се отвораат и вратите кон останатите земји членки на ЕУ.   Но Хемија Комерц  е присутна и на македонскиот пазар преку соработката со  македонските фирми  со МИК од Свети Николе, Жито Вардар од Велес и Кри-Кри.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »