речник контакт

Велешки Борец со пораз ја започна фудбалската сезона во Втората лига (видео)

ФК БОРЕЦ - ФК СЛОГА 1:2 (0:2)

Петар Печков

Велешки Борец со пораз на домашен терен,  ја започна фудбалската сезона во Втората лига, која годинава е единствена и брои 16 екипи.  

Гостите од Виница дојдоа во водство во 8` минута преку Тасевски, а зголемија  во 43. минута со голот на Николов, откако топката мина низ нозете не четворица велешки фудбалери вклучувајќи го и голманот.

Дамјан Николовски  во 49-тата минута намали на  1:2, што на крајот беше конечен резултат  Слога Виница го заврши мечот со играч помалку затоа што во 84` беше исклучен  Богдан Велиновски но велешани нема успеаја за 12 минути, колку што се играше до крајот  да израмнат.

Во следното коло, в сабота, во Струмица се игра натпревар на ланските прволигаши ФК Беласица и ФК Борец.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете тука

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »