речник контакт

Велешки Борец со четири нови засилувања

Подготовки започнуваат на 3-ти август

Петар Печков

Ракометниот суперлигаш ГРК Борец од Велес, во пресрет на новата сезона,   се засили со четири нови ракометари.

Во клубот дојдоа  Бобан Андовски ( 27  год) кој игра на позицијата централен бек и дојде од Вардар Јуниор, пикерот Игор Павловски (35 год) кој  пристапи од РК Радовиш,  десниот бек  Кристијан Давитковски ( 20 ) и велешанецот  осумнаесет годишниот  Антонио Јаневски кој играше за екипата  на Вардар2.    

Андовски и Павловски потпишале на една година, додека Давитковски е позајмен ракометар од Металург.   Претходно во Борец се вратија Ивица Илиев и Миле Ордев, кои се вратија во матичниот клуб откако претходно играа во РК Радовиш.

Клубот ги продолжи договорите со  левото  крило Зоран Стојановски, десното крило Мартин Гинов   и левиот бек Ангелче Органџиев. Од  ГРК Борец  заминаа бекот Ивица Лазаревски, Кире Мачавелов и голманот Александар Стојановски.

 Под водство на тренерот Васко Василев подготовките за новата  сезона започнуваат  на  3-ти август. Плановите за следната сезона  се ГРК Борец да се пласира во средината на табелата

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »