речник контакт

Велешки Жито Вардар отиде во стечај

Стечаен управник е Ацо Петров

Петар Печков

Најголемиот производител на леб во општината, АД Жито Вардар отиде во стечај.  Во Основниот суд во Велес беше отворена стечајна постапка за мелничко  прехрамбената индустрија,  која произведуваше и сточна храна.

АД Жито Вардар чии почетоци се од 1927-та година, е мајка на групацијата која обезбедуваше 60 отсто од производството на свињи во земјава,  50 отсто од добиточната храна, 25 отсто од производство на јајцата  и имаше произвдоство од 23  -25 милиони евра  и обрт од 30  милиони евра годишно.   

Од достапната документација, констатирано е подолготрајна неливидност на должникот,  жиро  сметките се блокирани подолго од 45 дена.  Поголемиот дел од движниот и недвижниот имот се заложени. Вкупната актива изнесува 465 милиони денари  а најголем дел од средствата кои се побаруваат се од поврзани субјекти во висина од  87 милиони денари. Друшпвото долгува 482 милиони денари. Затоа се исполнети се условите за отворање на стечај - образложи предстечајниот управник Ацо  Петров пред доверителите.

Отоврањето стечај беше по барање на повеќе доверители, ниту еден од државните фондови на ПИОМ, Здравство или УЈП.  За стечаен управник е именуван Ацо Петров. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »