речник контакт

Велешки Ронтис лидер во Европа по квалитет на медицински помагала

Со само три поплаки на милион произведени компоненти, оваа фабрика била најдобра од сите останати во Европа. Наскоро поради големиот интерес за нивните производи се проширува со нов погон и нови сто вработувања

Петар Печков

Фабриката на швајцарски  Ронтис, лоцирана во близина на Велес е најдобрата во ланецот на Европските фабрики  кои произведуваат  крвни линии за хемодијализа. Произведува високо квалитетни медицински помагала, сто отсто е извозено ориентирана.  Целокупниот производен процес е заокружена целина, која се врши во кругот на фабриката,  работа  од гранулат до конечен производ.

Таа произведува медицинска опрема кои целосно се извезува  во неколку европски држави.  Наскоро од почетокот на  јули, Ронтис се проширува со нов погон и нови сто вработени, наспроти досегашните 300, поради неодамна склучениот нов договор со светски дистрибутер на медицински помагала, кој се решил на производите на велешката фабрика. 

Произведуваме крвни линии со висок квалитет за хемодијализа.  Се извезува во Германија, Шведска, Данска. Со новиот договор склучен годинава,  има   дополнително  производство на еден милион крвни линии.  Имаме степен на поплаки три на милион произведени компоненти, со што сме најдобри во Европа во рамките на сите производители на медицински материјал – изјави Бојана Димовска директорка на Ронтис ДООЕЛ.

Лани произвеле пет милиони крвни линии,  520 илјади катетери и триста илјади сетови за инфузија. Тие можат македонскиот пазар да го покрија со пет дневно производство. И додека Македонија увезува крвни линии од Египет и Кина, Ронтис целокупното производство го извезува на сензитивен европски пазар. Поради расцепканост на тендерите, секоја болница во земјава  за свои потреби, друштвото не се  јавувало на така мали  количества

Зошто  Ронтис се одлучи да инвестира во Македонија и Велес? Затоа што локално  има квалитетна работна сила и поволни макро  економски услови кои ги нуди државата. Вработување на стоте нови лица  официјално ќе започнат со  работа од први јули, во тек се нивните подготовки и обуки за работните обврски. Погонот  е инвестиција вредна 500 илјади евра – рече Димовска.

Минатата година била  најпрофитабилна во постоењето на друштвото со реализирани  осум милиони евра обрт, годинава планираат 12 милиони. Целокупното производство се пласира во странство за познати  светски медицински фирми.

Ронтис е компанија која постои во Велес од 2007-та тогаш под името Вемед, тогаш грчка инвестиција, која минатата годна ја  презеле Швајцарци. Вработуваат 300 лица, најмногу со средно образование просечна плата е 230 евра, 93 отсто од вработените  се женски лица, без работно искуство. За потребите на производството  таму се минела обуката, а со нејзиното започнување од  првиот ден  вработениот добивал и плата. 

Ронтис има  фабрики низ Европа, во Грција и Романија а во светот имаат вкупно 65 подружници и дистрибутивни канали  на 4 континенти.  Произведуваат за светски компании за хемодијализа. Ронтис е швајцарска компанија. Фабриката во Велес е сместена во дел од  некогашна Свилара.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »