речник контакт

Велешки ФК Борец го победи шампионот ФК Шкендија (видео)

По четири кола велешани имаат четири бода и се седми на табелата на Првата лига

Петар Печков

Состави Борец:  Мустафа(ж) , Абаз, Ефтимов, Ѓорѓиев, Христов, Коцев. Николовски,Петров, Прелчец, Стојменовски во   игра влезе и Трајковж), 

Шкендија: Захов, Алими, Бејтулаи (ж), Фелипе, Ибраими(ж), Имери, Мици (ж), Мурати,Радески, Садриу,  Тотре (ж)

стрелец:  Прелчец во 80-та. стадион Зоран Паунов Велес

судија: Ставрев  Скопје 

 Во четвртото коло од Прваа фудбалска лига, велешки Борец 1919 ја забележа првата победа во првенството. Славеше над актуелниот првак ФК Шкендија од Тетово, со 1:0. Со гол постигнат во финишот во 80-та минута од хрватскиот интернационалец Прелчец, што е прв гол во оваа конкуренција за велешани.  Гостите беа поактивни, имаа повеќе од играта и неколку гол шанси а во 18-та минута голманот на Борец Мустафа, одбрани удар од 11 м. на Ибраими, но сепак трите бода остануваат во Велес.  По четири кола ФК Борец е седми со четири бодови и гол разлика 1:4. По паузата поради настапите на репрезентацијата, во следните две кола велешани гостуваат. На 14 -ти во Скопје на ФК Македонија Ѓ.П. 1932 кој е втор со 8 бодови а потоа и на Силекс во Кратово. 

Претходно беа извлечени паровите за осминафиналето на фудбалскиот Куп, во кој ФК Борец ќе игра со ФК Струга. Првата средба е на 25 септември во Велес а реваншот на 30-ти октомври во Струга. 

фото Радица Дукова 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »