речник контакт

Велешки ФК Борец тоне на табелата, загуби дома од пониско пласираниот ФК Скопје

ФК БОРЕЦ 1919 - ФК СКОПЈЕ 0:2 Победа за второлигашот од Градско ФК Локомотива против ФК Братство 07

Петар Печков

Во дербито на екипите од дното на табелата, деветто и десетто пласираниот, победија гостите со 0:2  Двата гола  скопјани ги постигна рано уште во 6-та и 13-ата минута,  преку Христијан Кировски. ФК Скопје пред овој натпревар имаше една победа и на Градски во Велес ја забележа втората, колку што има и ФК Борец.  

Ако пред почетокот на првенството управата и тренерот на велешани нe кажуваа какви им се амбициите, резултатите и играта по осум кола покажуваат дека велешкиот прволигаш ќе се бори за опстанок. По ова 8-мо коло, ФК Борец со седум бода  е 10-ти, од 12 екипи.

Следното коло, в сабота ФК Борец гостува на шампионот ФК Шкенија во Тетово.

Во  Градско вчера исто така се одигра дерби на екипи од дното на таблетата 9-мио пласираната ФК Локомотива и 10-ти пласираниот ФК Братско од прилепско Житоше. Со 1:0 победија домаќините. По ова коло ФК Локомотива е седма   со четири  бодови.

Следното коло, шесто по ред се игра следната недела а „локоси“ играат повторно дома и тоа со фаворитот ФК Победа од Прилеп, која е трета со 10 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »