речник контакт

Велешки адвокат го измамил судот, полицијата го гони кривично

Велешки адвокат кој во името на сограѓаните ја тужеше ЕВН, преку уплатниците за поднесените тужби си присвојувал пари за што заработи кривична пријава за измама во службата

Петар Печков

Велешки адвокат кој   во името на сограѓаните ја тужеше ЕВН, преку уплатниците за поднесените тужби си присвојувал пари.  СВР Велес поднесе кривична пријава против адвокатот  Б.М. (30) од Велес, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „измама во службата“.

Пријавениот делото го извршил во  текот на изминатите три месеци,  на тој начин што  во 79 случаи ги преправил вторите примероци  од обрасците ПП 50,  допишувајќи уште една бројка пред вистински уплатените пари за судски такси за тужба.  Потоа таквите обрасци ги употребил во Основен суд Велес како доказ за платени судски такси, со барање за заведување на  предмети од мала вредност.

Имено лицата кои преку него барале обесштетување од ЕВН во висина од 18 денари, тој го злоупотребил. На уплатницата наместо 480 во банка уплатувал 80 денари, додека четворката ја  запишувал подоцна на веќе платената уплатница.  Со извршеното противправно дејствие  пријавениот го оштетил Основниот суд во Велес за сума од  34 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »