речник контакт

Велешки ловџија се самоповредил

Се здобил со тешки повреди на раката, пренесен во Ургентен

Петар Печков

Вториот ден од новата година, бил лош за велешки ловџија, кој се самоповредил  со истрел од пушката. Поради тежината на повредата бил пренесен на Ургентен во  Скопје.   Од МВР го потврдија инцидентот, кој се случил во велешкото село Ораовец. 

  Околу 6,30 час. во дворот од  куќата каде живеел   Т.И ( 66 год)   се самоповредил со еден истрел од ловџиска  пушка. Кога излегувал од дома на лов, во дворот се лизнал на мразот и при падот пушката пукнала по  што се здобил со повреда на деснaта рака. Неговите домашни веднаш го пренеле во Велешката болница. Пушката била ловечки карабин  8,57 мм и  била со дозвола  – велат  од  МВР.  

Од ЈЗУ Општа болница Велес информираа дека пациентот бил веднаш опериран, но поради тешката повреда на десанта рака до надлактицата веднаш бил префрлен на Ургентен во Скопје.  

Од  Ловното друштво ,,Руен,,од Велес објаснуваат дека Т.И. важел за многу совесен и дисциплиниран ловец, но едно невнимание и  прекршување на ловечкото правило, куршум никогаш во пушка, освен  на  лов, тој овој пат не го применил, што го чинело со тешка повреда.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »