речник контакт

Велешки нарко зависник починал од предозираност

Дрогата одзеде уште еден млад живот во градот

Петар Печков

  О. Н.  ( 27 год) , во петокот попладне околу 14.30 часот починал во болницата, откако триесетина минути претходно  го донела брза помош.  Телото било забележано од минувач, завиткано во јамболија, како лежи во дворот на градинката Димче Мирчев на улица Тодор Јанев.

Била повикана брза помош додека  О.Н. се уште давал знаци на живот  и бил пренесен во болница. Но и покрај интервенцијата на докторите од интерното одделени, починал по половина час подоцна.

Полицијата починатиот го идентификувала како регистриран нарко зависник а за да се утврдат причините за смртта, извршена е обдукција.

Крвав данок од дваесетина животи однела дрогата во Велес минатата година, ова се поразителните последици од  зависноста од наркотиците. 250 регистрирани зависници, од кои 80 отсто со хепатит Ц, и најмалку уште 1.000 индиректно засегнати граѓани е црниот биланс на дрогата во градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »