речник контакт

Велешки полицаец дел од Фаланга 2

Полицаецот А.П. заедно со уште 18 други лица се сомничи за пет кривични дела со кои се уништувало, крадело и продавало националното културно богатство

Петар Печков

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во текот на изминатите шест месеци, во рамки на Оперативната обработка „Фаланга 2“, презеде континуирани мерки и активности со цел откривање на 19-члена криминална група која од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Македонија и странство како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Македонија.

Во рамките на криминалната група делувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес А.П..

Истите, искористувајќи ја својата службена положба и овластувања давале информации за значењето, вредноста и безбедноста на културното наследство, овозможувале непречено пренесување на археолошките предмети од една локација до друга, прикривање на предметите и овозможувале продажба надвор од земјава.

Членовите на организираната криминална група се пријавени поради постоење на основано сомнение дека истите ги сториле кривичните дела: „Злосторничко здружување“, „Оштетување или уништување културно наследство“, „Присвојување на културно наследство“, „Изнесување во странство на културно наследство“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »